Зајакнување на меѓународната соработка и ЕУ перспектива – ИДУЕП во работна и студиска посета на Брисел

Претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во работна посета на Брисел во периодот од 23 – 30.1.2023 година. Целта на посетата која ја предводеше претседателот на ИДУЕП, Бојан Кордалов, беше зајакнување на односите со постоечките партнерски организации и соработници, како и средби и вмрежување со нови потенцијални партнерски тинк-тенк организации, поединци и институции во процесот на пристапување во ЕУ.

Во рамки на активностите, меѓу другото, беа остварени средби со претставници и претставнички на „Пријатели на Европа“, „Out of the box international“, ОБЕССУ, Младински европски федералисти, Европски младински форум, прием во македонската амбасада во ЕУ и средба со Н.Е. Зулфи Исмаили, како и посета на Европскиот парламент и средби со претставници од одделот за Комуникации.

На средбите беше разговарано за можностите за соработка и спроведување на заеднички активности во рамките на мисиите, како и целите и задачите на организациите и институциите, со особен фокус на европските вредности и поддршка во процесот на пристапување кон ЕУ. Главни теми на сите работни средби беа: доброто управување (фокус на транспарентност, отчетност и дигитализација), евроатлантските перспективи, како и младинските прашања и иницијативи.

Дополнително, дел од активностите беше и активното учество на конференција организирана од страна на Euractive на тема „Иднината на протокот на податоци и влијанието врз Европа – фокус на протокот на податоци меѓу САД и Европа“ каде главни панелисти беа Дидиер Ројндерс, еврокомесарот за правда Дидиер рејндерс и Н.Е. Марк Гитенштајн, Амбасадор на САД во ЕУ.

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со оваа и идни вакви активности продолжува да ја зајакнува својата меѓународна позиција и соработка, истовремено давајќи максимален придонес за унапредување на македонското општество и конкретен придонес во процесот на преговори и полноправното членство во Европската Унија.

Поврзани соддржини

Leave a Comment