Проектот за дигитални реформи во високото образование презентиран пред дел од универзитетите

Членови на АЛПИ програмата, претставници на ИРИ и на ИДУЕП остварија работни средби во ректоратите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, универзитетот на ЈИЕ во Тетово, како и универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Одделните средби се одржаа во периодот декември 2022 и јануари 2023 година, а беа реализирани со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, проректорката за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Христина Спасевска и сo проректорот за академско планирање и за дигитализација при ЈИЕ Универзитетот, проф. д-р Адриан Бесими. На…

ИДУЕП Анализа: Статус кво и пад во користењето на дигиталните алатки од страна на јавните функционери и институции во 2022 година

115 од вкупно 120 пратеници биле присутни на најмалку еден социјален медиуми во 2022 година. Претседателот Стево Пендаровски во целост бил онлајн, додека Владата ја заврши минатата година со 20 од вкупно 21 министер кои биле онлајн на најмалку еден социјален медиум. Бројот на активни градоначалници на социјалните медиуми останува непроменет во однос на 2021 година и изнесува 80 од вкупно 81. Сепак, политичарите и јавните институции како полека да забораваат дека нивното активно присуство на социјалните медиуми е важен сегмент од транспарентноста и отчетноста кои се нераскинлив дел од…

ИДУЕП ја подготвува годишната Анализа за 2022 година за степенот користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) ја изготвува редовната годишна Анализа за 2022 година за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните функционери и јавните институции кои тие ги раководат. За потребите на Институтот анализата ја изработува комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност и дигитализација при ИДУЕП, Бојан Кордалов. Четврта година по ред во нејзината изработка Институтот активно вклучува и студенти од отсекот „Односи со јавност“ при Правниот факултет во Скопје. Целта на оваа заедничка активност е стекнување на практични вештини и имплементирање на академското искуство…

Среќни празници!

Тимот на ИДУЕП посакува многу здравје, среќа, љубов, успеси и убави мигови на личен и професионален план за секого во Новата 2023 Година! Со почит, Институт за добро управување и евроатлантски перспективи