Проектот за дигитални реформи во високото образование презентиран пред дел од универзитетите

Членови на АЛПИ програмата, претставници на ИРИ и на ИДУЕП остварија работни средби во ректоратите на универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, универзитетот на ЈИЕ во Тетово, како и универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Одделните средби се одржаа во периодот декември 2022 и јануари 2023 година, а беа реализирани со ректорот на универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски, проректорката за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, проф. д-р Христина Спасевска и сo проректорот за академско планирање и за дигитализација при ЈИЕ Универзитетот, проф. д-р Адриан Бесими. На…