Одржана обука за обучувачи за избори и изборни права

Во периодот од 23 до 25 ноември 2022 година во Скопје беше одржана тридневна обука за обучувачи за избори и изборни права, наменета за над 20 претставнички и претставници на граѓанскиот сектор, односно организации кои примарно ја фокусираат својата дејност на младите и лицата со попреченост.

Обука за обучувачи ОБСЕ и ДИК 4

За таа цел, Мисијата на ОБСЕ ја поддржа Државната изборна комисија (ДИК) да обучи лица со попреченост и претставници на младински организации за да им помогне подобро ги користат своите избирачки права и да ги охрабрат да излезат и да гласаат.

Обуката ја организираше Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, а обучувачи беа Благица Димитровска од организацијата „Инклузива“ и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП. За време на обуката, свое воведно излагање имаше и претседателот на ДИК, Александар Даштевски, како и претставничката на ОБСЕ, Нина Шуловиќ Цветковска.

На крајот од обуката, сите учесници и учеснички добија сертификат за учество на обука за обучувачи доделен од страна на Мисијата на ОБСЕ.

Поврзани соддржини

Leave a Comment