Кои се решенијата за проблемот со младинска невработеност – Најава за јавна дебата

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во рамки на европскиот Проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, Ве поканува на вториот јавен настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни. Овој настан се организира во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).

Датум на одржување: 05.12.2022 година, понеделник, време: 10 – 12 часот.

Целта е поттикнување на јавна дебата во рамки на која ќе се разговара и разгледа дали досегашните мерки за вработување на млади навистина даваат резултати на пазарот на трудот и дали обезбедуваат соодветна поддршка на младите луѓе, особено дали ги адресираат професиите на иднината. Дебатата ќе се реферира и на претходните размислувања изнесени на јавните настани организирани во рамки на овој Проект, а на кој учествуваа младински претставници, стопанските комори, како и претставници на граѓанскиот сектор.

Главен предизвик на настанот да даде процена преку јавна дискусија дали националните програми за вработување одговараат на пазарот на труд, дали инвестираат во прилагодување на новите работни места, односно во развој на соодветните вештини и знаења кои првенствено се однесуваат на младите луѓе и професиите на иднината.

Поканети се и ќе присуствуваат високи претставници на јавните институции, претставници на бизнис секторот и младите луѓе, граѓански организации, како и други заинтересирани релевантни чинители. На истиот се очекува размена на  мислења и идеи во врска со програмите за вработување млади во Македонија и разгледување за начините за преземање мерки за зајакнување на вработувањето на младите со цел постигнување на целите наведени во Проектот и оваа покана.

Како завршна активност на овој Проект е предвидено изготвување на предлог заклучоци од двете јавни дебати и јавна презентација на заклучоци и препораки до креаторите на политики со цел премостување на јазот со младинската невработеност преку воведување на знаења, вештини и квалификации за професиите на иднината.

Дополнителни информации за проектот: Проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини денес“ се имплементира од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Овој проект е субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот, а финансиран од Европската Унија.

Поврзани соддржини

Leave a Comment