Одржана обука за обучувачи за избори и изборни права

Во периодот од 23 до 25 ноември 2022 година во Скопје беше одржана тридневна обука за обучувачи за избори и изборни права, наменета за над 20 претставнички и претставници на граѓанскиот сектор, односно организации кои примарно ја фокусираат својата дејност на младите и лицата со попреченост. За таа цел, Мисијата на ОБСЕ ја поддржа Државната изборна комисија (ДИК) да обучи лица со попреченост и претставници на младински организации за да им помогне подобро ги користат своите избирачки права и да ги охрабрат да излезат и да гласаат. Обуката ја организираше…

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини“ промовиран во Министерството за локална самоуправа

Прирачникот „Дигитална трансформација кон е-општини – Како практично да се премости јазот помеѓу очекувањата на граѓаните и достапните јавни услуги?“ е промовиран во Министерството за локална самоуправа (МЛС). Копија од Прирачникот беше предадена на министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов од страна на коавторите и уредникот на изданието. Исто така, печатени примероци на македонски и албански јазик беа доделени во архивата и библиотеката на МЛС, а за потребите на вработените во надлежните сектори. За време на кратката средба со министерот Пенов беше презентирана улогата и значењето на овој Прирачник, како…