ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Могила

ИДУЕП дава поддршка за сите општини во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните, како и во сферата на дигитализација. За таа цел, беше потпишан Меморандум за соработка со  градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска.

Со потпишаниот Меморандум се предвидува унапредување на соработката и се истакнува заложбата за општинско дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи.

Ваков тип на меморандуми за соработка ИДУЕП веќе склучи со општините Карпош, Валандово и Крушево.

Поврзани соддржини

Leave a Comment