Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крушево

Отвореноста и транспарентноста на градоначалниците во голема мера се пренесува на работата на општинските администрации и квалитетот на живот на сите граѓани. Исто така, социјалните медиуми и другите дигитални платформи во денешно време се голема поддршка за привлекување туристи од целиот свет и промоција на природните убавини и изградените туристички атракции на локално ниво.

ИДУЕП продолжува да дава несебична поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и процесите на дигитализација на нивните услуги. За таа цел, денес потпишавме Меморандум за соработка со општина Крушево и градоначалникот Томе Христоски

Со потпишаниот Меморандум се предвидува унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи.

Поврзани соддржини

Leave a Comment