Потпишан Меморандум за соработка со општина Струмица

Струмица е една од првите општини кои уште на самиот почеток ја препозна потребата и започна со спроведување на двонасочна комуникација и дигитализација, користејќи ја експертизата на ИДУЕП во овие сфери уште пред повеќе од 8 години. Продлачувајќи ја соработката, ИДУЕП потпиша Меморандум за соработка со општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а со цел дополнително промовирање на начелата на добри практики во сферата на доброто управување и евро–атлантски перспективи, со акцент на поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината.…

ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Могила

ИДУЕП дава поддршка за сите општини во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните, како и во сферата на дигитализација. За таа цел, беше потпишан Меморандум за соработка со  градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска. Со потпишаниот Меморандум се предвидува унапредување на соработката и се истакнува заложбата за општинско дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Ваков тип на меморандуми за соработка ИДУЕП веќе склучи со општините Карпош,…

Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крушево

Отвореноста и транспарентноста на градоначалниците во голема мера се пренесува на работата на општинските администрации и квалитетот на живот на сите граѓани. Исто така, социјалните медиуми и другите дигитални платформи во денешно време се голема поддршка за привлекување туристи од целиот свет и промоција на природните убавини и изградените туристички атракции на локално ниво. ИДУЕП продолжува да дава несебична поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и процесите на дигитализација на нивните услуги. За таа цел, денес потпишавме Меморандум за соработка со општина Крушево и градоначалникот Томе…

ИДУЕП потпиша Меморандум за соработка со општина Валандово

Со масовната употреба на интернетот и дигитализацијата, општините не се делат на големи и мали или урбани и рурални, туку првенствено на „паметни“ и отворени наспроти затворени и нетранспарентни. Од овие причини, а препознавајќи ги новите комуникациски можности и трендови, градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и претседателот на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи, Бојан Кордалов потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел да ја зајакне компонентата за добро управување, како и транспарентно и дигитално работење на општина Валандово. Согласно Меморандумот за соработка, Општината се обврзува континуирано…