Струмица е една од првите општини кои уште на самиот почеток ја препозна потребата и започна со спроведување на двонасочна комуникација и дигитализација, користејќи ја експертизата на ИДУЕП во овие сфери уште пред повеќе од 8 години.
Продлачувајќи ја соработката, ИДУЕП потпиша Меморандум за соработка со општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а со цел дополнително промовирање на начелата на добри практики во сферата на доброто управување и евро–атлантски перспективи, со акцент на поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација.
Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината. Од оваа соработка се очекува подобрување на јавните услуги со цел зајакнување на довербата од граѓаните и нивно вклучување во процесите на одлучување. Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи го стави на располагање своето искуство во насока на креирање на Стратегија за двонасочна комуникација и дигитализација на Општината, што како идеја беше предложено заеднички да се реализира во следниот период.