ИДУЕП потпиша Меморандум за соработка со општина Валандово

Со масовната употреба на интернетот и дигитализацијата, општините не се делат на големи и мали или урбани и рурални, туку првенствено на „паметни“ и отворени наспроти затворени и нетранспарентни.

Од овие причини, а препознавајќи ги новите комуникациски можности и трендови, градоначалникот на Општина Валандово, Перо Костадинов и претседателот на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи, Бојан Кордалов потпишаа Меморандум за соработка кој има за цел да ја зајакне компонентата за добро управување, како и транспарентно и дигитално работење на општина Валандово.

Согласно Меморандумот за соработка, Општината се обврзува континуирано и зголемено да вложува во јакнењето на капацитетите за унапредување на јавните услуги, транспарентноста и отчетноста во односите со јавноста, како и да воспостави правила на двонасочна комуникација со медиумите и граѓаните со цел промовирање на заложбите за доброто управување и евтоатланските перспективи на земјата.

Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП), со овој Меморандум за соработка се обврзува да и помага и да и пружи советодавни услуги на Општина Валандово за стекнување соодветни вештини за подобрување на општинската транспарентност, отчетност, дигитализација и двонасочна комуникација со медиумите и граѓаните, како и да и помогне на општината да изгради функционален систем на вклучување на граѓаните во процесите на одлучување. Активностите кои произлегуваат од Меморандумот не предизвикуваат финансиски импликации за Општина Валандово.

Дополнително, како иницијатива за заедничка соработка, тимот на ИДУЕП се понуди да одржи серија на обуки наменети за советниците и дел од општинската администрација. Исто така, двонасочната комуникација со медиумите и јавноста, како и дититална транспарентност ќе бидат актуелизирани од двата тима преку општинскиот гласник на општина Валандово, како и пишување на комуникациска стратегија за потребите на Општината.

Поврзани соддржини

Leave a Comment