Поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и процесот на дигитализација во интерес на поголемо остварување на правата од страна на граѓаните.
Со потпишаниот Меморандум помеѓу ИДУЕП и општина Карпош и нејзиниот градоначалник Стефан Богоев се предвидува унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Дополнително, како иницијатива за заеднички проект произлезе идејата за изготвување на заеднички публикации кои ќе се изработат заеднички од страна на тимовите на Општината и ИДУЕП.
Ваков тип на меморандуми за соработка од името на ИДУЕП се испратени и до сите останати единици на локалната самоуправа, а со дел веќе се договараат и термини за потпишување во следниот период. Сите меморандуми се необврзувачки и непредизвикуваат било какви финансиски импликации на единиците на локалната самоуправа кон ИДУЕП.