Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања и политики при Собранието Ве покануваат на 21.7.2023 година, петок, со почеток во 13 часот на настан за промоција на финалниот Документ за идно дејствување на Клубот пред пратениците. Настанот ќе се одржи во сала 6 во Собранието (бул. „11 Октомври“ бр. 10; Скопје). Документот е изготвен од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“ со цел предлог конкретни активности и мерки кои ќе водат кон подигнување на младинскиот стандард…
Tag: Собрание
Анализата на ИДУЕП за професиите на иднината ќе биде презентирана на седница на НСЕИ
Денес, 22.2.2023 година, на деветтата седница на Националниот совет за евроинтеграции при Собранието ќе биде презентирана анализата „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат вештини и знаења денес” која ја изготви Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Седницата е закажана со почеток во 12.00 часот, во собраниската сала „Борис Трајковски. Анализата е изработена во рамки на истоимениот проект кој се имплементира од страна на ИДУЕП, кој е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и…
Со формирањето на Младинскиот совет, Тетово очекува да се надмине јазот меѓу младите и институциите – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на Општината
Општина Тетово овој месец го основаше локалниот Младински совет и со тоа очекува да започне да се надминува јазот кој постои помеѓу младите и институциите. Клубот за младински прашања при Собранието и граѓанскиот сектор ја нуди својата поддршка, а младите пратеници интензивно ги разгледуваат сите недостатоци кои со себе ги носи Законот за младинско учество и младински политики и веќе размислуваат за законски решенија со цел нивно надминување – ова се дел од заклучоците во рамки на посетата на Општината реализирана како дел од иницијативата „Младите во фокусот“, во организација…
Јавна дебата во Собранието на тема законско регулирање на средношколското организирање и учество
На ден 20-ти октомври 2022 година (четврток), со почеток од 12:30 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието ќе се одржи јавна дебата посветена на законското регулирање на средношколското организирање и учество. Целта на оваа јавна дебата е средношколците, претставниците на младинските здруженија, институциите и организациите кои работат на полето на образование и младинско учество да дискутираат за можни законски решенија кои ќе го регулираат и гарантираат средношколското учество. Учесниците во јавната дебата ќе ги споделат своите ставови, искуства и потреби за идно законско решение, а се очекува да дадат…
Младите и дигитализацијата во фокусот – Клубот на млади пратеници и ИДУЕП во заедничка посета на општина Охрид
Барање за брзо опремување на просториите на локалниот младински совет, иницијатива за поместување на почетокот на училишната година и второто полугодие со цел заштеда на електрична енергија, дигитално поврзување на локалната самоуправа со централните бази на податоци, како и зајакнување на соработката помеѓу Собранието и општина Охрид со вклученост на граѓанскиот сектор беше целта на настанот кој се одржа во Охрид, а во рамки на иницијативата „Младите во фокусот“, во организација на Клубот за младински прашања и политики во Собранието и Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), а…
ИДУЕП дебата во Собранието: Младите бараат изборен модел кој ќе ги мотивира да излезат на гласање
Младите сакаат изборен модел кој ќе ги рефлектира нивните потреби и интереси и ќе ги мотивира да излезат на гласање, како и да гласаат за кандидат чиј успех ќе се мери според сработеното. Сите учесници на дебатата на тема „Каков изборен модел ни треба за посилна демократија?“ “ се согласни дека се потребни реформи согласно потребите на општеството и по мерка на граѓаните. На дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Клубот за младински прашања која се одржа во Собранието учествуваа младите пратеници Моника…
35 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук
35 од вкупно 120 пратеници во Собранието на Република Македонија имаат свој профил на мрежата за интеракција „фејсбук“ – покажа првото интернет истражување на тема „Демократија преку новите медиуми“, кое во периодот од 23 – 29 Октомври 2009 година го спроведе Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Некои статистики: Најголем број на Фејсбук профили – вкупно 17 – имаат пратениците од ПГ на ВМРО ДПМНЕ. Најголем број на Фејсбук пријатели има пратеничката од СДСМ, Радмила Шекеринска. Таа го има максималниот број на дозволени пријатели – 5.000 вкупно. Второто…