Јавна дебата во Собранието на тема законско регулирање на средношколското организирање и учество

На ден 20-ти октомври 2022 година (четврток), со почеток од 12:30 часот, во салата „Борис Трајковски“ во Собранието ќе се одржи јавна дебата посветена на законското регулирање на средношколското организирање и учество.

Целта на оваа јавна дебата е средношколците, претставниците на младинските здруженија, институциите и организациите кои работат на полето на образование и младинско учество да дискутираат за можни законски решенија кои ќе го регулираат и гарантираат средношколското учество. Учесниците во јавната дебата ќе ги споделат своите ставови, искуства и потреби за идно законско решение, а се очекува да дадат и свои коментари по однос на предлог-законското решение изработено од Сојузот на средношколци.

Јавната дебата е организирана од Клубот за младински прашања и политики во соработка со Сојузот на средношколци (ССРСМ) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а со поддршка од Фондацијата за демократија на Вестминстер.

Клубот за младински прашања и политики е составен од пратенички и пратеници во Собранието од различни политички партии и коалиции на возраст до 35 години. Примарна цел во работата на Клубот е унапредување на младинските политики преку фокусирање на младинските прашања и поднесување на иницијативи и предлози од делокругот на работа на законодавниот дом.

Агенда на настанот:

12:30 – 12:45 часот Отворање на јавната дебата

12:45 – 14:15 часот Споделување на ставовите на учесниците и пратениците

14:15 – 14:30 часот Сумирање на ставовите, заклучоци и затворање на јавната дебата

Поврзани соддржини

Leave a Comment