Институтот за добро управување и евро-атлнтски перспективи (ИДУЕП) на ден 23.6.2020 година до државниот врв и политичките партии испрати допис со цел создавање на граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација. Дописот го објавуваме интегрално во продолжение: Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) на 6.3.2020 година поднесе иницијатива за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација до политичките чинители и државниот врв која има цел да ја истакне важноста и потребата од брза дигитализација на сите јавни сфери. Целта е политичките чинители во пресрет на изборите, а во рамките на своите…
Category: ТОП ВЕСТИ
ЕУ ја засилува борбата против лажните вести поврзани со коронавирусот – Во интерес на секој граѓанин е да се стави крај на „инфодемијата“
Во текот на изминатата недела, Европската Унија дополнително ги засили напорите во борбата со лажните вести кои се поврзани со пандемијата предизвикана од коронавирусот. Во заедничкото соопштение на Европската комисија и Високиот претставник на Унијата за надворешни прашања и безбедносна политика акцентот се става на борбата против дезинформациите поврзани со Ковид-19, како и потребата од правилно разбирање проблематиката. Документот се заснова на Акциониот план против дезинформации на ЕУ од 2018 година и дополнително ја зајакнува борбата и потребата од координирана акција во справувањето со дезинформациите. Се констатира дека заедничките вредности…
15 комуникациски препораки во услови на „корона“ криза
Во време на заострување на препораките и мерките од надлежните државни институции со цел заштита на граѓаните од корона вирусот, нашето општество, но и речиси целиот свет се соочува со нови предизвици. Покрај заштитата на здравјето на секој поединец што претставува основен предуслов, многу е важно непреченото функционирање и унапредување на демократските процеси, како и заштита на основните човекови права, ставајќи акцент тука на слободата на изразувањето, мислењето, медиумите, еднаквиот пристап до информациите итн. Ова особено се однесува за начинот на функционирање на јавните институции во услови на криза, како…
ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Крива Паланка
Сите јавни институции мора континуирано да ја подобруваат својата отвореност кон медиумите и граѓаните – ова беше уште еднаш потврдено на заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. За таа цел, на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крива Паланка. Со овие меморандуми кои ги склучуваме во континуитет, ИДУЕП ги поттикнува единиците за локална самоуправа на унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент…
Иницијатива на ИДУЕП за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација
Институтот за добро управување и евро-атлнтски перспективи (ИДУЕП) на ден 6.3.2020 година до државниот врв и политичките партии испрати допис со цел создавање на граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација. Дописот го објавуваме интегрално во продолжение: Дигитализацијата е процес кој веќе го одбележува 21 век! Процесот на дигитализација одамна е избор, како и обврска за секое општество која сака да напредува во општествено – политичките, економските и другите процеси. Токму воведувањето на ефикасна дигитализација во секоја сфера од живеењето ги унапредува можностите на граѓаните, бизнис секторот, медиумската слобода и независност,…
Јавните функционери со намалена активност на социјалните медиуми во 2019 година
87 од вкупно 120 пратеници користеле социјални медиуми во 2019 година. Владиниот кабинет имал 24 од вкупно 26 министри онлајн, додека бројот на активни градоначалници на најмалку еден социјален медиум годинава изнесува 74 од вкупно 81, покажа Анализатa на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП). За потребите на Институтот анализата ја изработи Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавност и нови медиуми и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, а активно беа вклучени и Теа Бошкова, Велимир Лав Илиќ, Ема Павловска и Александра Богдановска…
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Гази Баба
Поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и дигитализација – ова е целта на потпишаниот Меморандум за соработка на ИДУЕП со градоначалникот на општина Гази Баба, Борче Георгиевски. Јакнењето на транспарентноста и отчетноста во работата на општината, како и двонасочната комуникација и подобрување на јавните услуги за граѓаните остануваат врвен приоритет и основа за подобрување во работата на општина Гази Баба.
Потпишан Меморандум за соработка со општина Струмица
Струмица е една од првите општини кои уште на самиот почеток ја препозна потребата и започна со спроведување на двонасочна комуникација и дигитализација, користејќи ја експертизата на ИДУЕП во овие сфери уште пред повеќе од 8 години. Продлачувајќи ја соработката, ИДУЕП потпиша Меморандум за соработка со општина Струмица и градоначалникот Коста Јаневски, а со цел дополнително промовирање на начелата на добри практики во сферата на доброто управување и евро–атлантски перспективи, со акцент на поттикнување на заложбите за транспарентност, дигитализација и двонасочна комуникација. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината.…
ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Могила
ИДУЕП дава поддршка за сите општини во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните, како и во сферата на дигитализација. За таа цел, беше потпишан Меморандум за соработка со градоначалничката на општина Могила, Јасмина Гулевска. Со потпишаниот Меморандум се предвидува унапредување на соработката и се истакнува заложбата за општинско дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Меморандумот не предвидува никакви финансиски обврски на општината кон Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи. Ваков тип на меморандуми за соработка ИДУЕП веќе склучи со општините Карпош,…
Потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крушево
Отвореноста и транспарентноста на градоначалниците во голема мера се пренесува на работата на општинските администрации и квалитетот на живот на сите граѓани. Исто така, социјалните медиуми и другите дигитални платформи во денешно време се голема поддршка за привлекување туристи од целиот свет и промоција на природните убавини и изградените туристички атракции на локално ниво. ИДУЕП продолжува да дава несебична поддршка за општините во процесот на двонасочна комуникација со граѓаните и процесите на дигитализација на нивните услуги. За таа цел, денес потпишавме Меморандум за соработка со општина Крушево и градоначалникот Томе…
