ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Крива Паланка

Сите јавни институции мора континуирано да ја подобруваат својата отвореност кон медиумите и граѓаните – ова беше уште еднаш потврдено на заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски.

За таа цел, на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крива Паланка.

Со овие меморандуми кои ги склучуваме во континуитет, ИДУЕП ги поттикнува единиците за локална самоуправа на унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент на транспарентноста, отчетноста и дигитализацијата. Овие меморандуми не предвидуваат никакви финансиски обврски на општините кон Институтот.

Поврзани соддржини

Leave a Comment