Се креира заедничка платформа за дигитализација на високото образование

Иницијативата за дигитализација на државните универзитети #DigiU го организира настанот „Заедничка платформа за дигитализација на високото образование“, кој ќе се одржи денес, 9 октомври 2024 година во 11:00 часот во просториите на ИНО ФЕИТ во Скопје.

Настанот има за цел да креира заедничка платформа со комуникација и координација на процесот на дигитализација на високото образование помеѓу Министерството за образование и наука, ректоратите на државните универзитети, Националното студентско тело, како и Собранието (Комисија за образование, наука и спорт; Комисија за социјална политика, демографија и млади; Клуб за младински прашања и политики).

За време на настанот се очекува заеднички да бидат разгледани предизвиците со кои се соочува процесот на дигитализација на државните универзитети и развивање конкретни препораки за забрзување на истиот врз основа на дадените дискусии и мислења од страна на сите претставници.

Агенда на настанот:

10:30-11:00 | Пристигнување на учесниците и заеднички изјави за медиуми

11:00-11:15 | Отворање на настанот и воведни говори

Бленди Ходаи, преставник на #DigiU и извршен директор на FECH;
Проф. Д-р. Весна Јаневска, Министерка за образование и наука;

11:15-12:15 | Roundtable discussion: „Патот кон дигитална трансформација на државните Универзитети“

Проф. Д-р. Весна Јаневска, Министерка за образование и наука;
Проф. Д-р. Дејан Мираковски, Ректор на УГД Штип;
Проф. Д-р. Билјана Ангелова, Ректорка на УКИМ Скопје
Проф. Д-р. Изет Зеќири, Ректор на УМТ Скопје;
Проф. Д-р. Игор Неделковски, Ректор на УКЛО Битола;
Дијана Илиевска, пратеничка и член на Комисија за образование и наука:
Александер Николовски, претседавач на Националното студентско тело;
Александар Каратошо, преставник на #DigiU и претседател на Асоцијацијата за младинско зајакнување;

Модератор: Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП / претставник на #DigiU.

12:00-12:15 | Завршување на настанот и заедничка слика

 

Повеќе инфо за иницијативата:

Иницијативата #DigiU е иницирана од Форумот за образовни промени (ФОП-FECH), Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA). Таа официјално започна на 3 февруари 2023 година, а на конститутивната средба присуствуваа и своја поддршка дадоа и дел од студентските собранија. „Студентите имаат 100 проблеми, но трчањето по шалтери не треба да е еден од нив!“ – беше заедничкиот заклучок за време на овој прв официјален состанок. За таа цел, студентите и нивните организации, обединети во рамки на #DigiU бараат дигитално трансформирани универзитети и дигитални услуги во високото образование!

Исто така, #DigiU организираше Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“, кој се одржа на 27.4.2023 година. Непосредно потоа беше промовирана и Анализата на состојбата со дигитализацијата на државните универзитети издадена на македонски и албански јазик. Оваа публикација е изработена од страна на ФОП, ИДУЕП и YEA и е поддржана од страна на European Endowment for Democracy (EED).

Во изминатиот период, #DigiU организираше низа на консултативни средби со Клубот на младински прашања и политики при Собранието, Министерството за дигитална трансформација (поранешно Министерство за информатичко општество и администрација), а промовираше и серија на позитивни пракси на дигитализација во високото образование во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ од Штип.

Поврзани соддржини

Leave a Comment