Повеќе од 150 студенти учествуваа на трите работилници и научија како физичката активност може да ги подобри кариерните перформански и менталното здравје, слушнаа корисни совети за фриленсинг и јавно говорење кое е една од најбараните меки вештини.
На 2 октомври, во големиот амфитеатар на Падагошкиот факултет беше одржана работилницата на тема „Значењето на физичката активност врз менталното здравје и кариерни перформанси“ каде предавач беше проф. д-р Ленче Алексовска, спортски психолог, поранешен декан на ДИФ и врвна спортистка во кошарка. Акцентот на оваа работилница беше ставен на тоа како да станеме поздрава и поуспешна верзија од себе, односно како физичката активност може да ја зголеми продуктивноста или перформансите и позитивно да влијае на менталното здравје.

На 3 октомври во амфитеатар 3 на Филозофскиот / Филолошкиот факултет се организираше работилницата на тема „Стани топ рангиран фриленсер уште како студент“ со предавачот Стефан Санев, топ рангиран фриленсер на платформата за работа на далечина „UPWORK“. Дел од темите кои беа опфатени: што е важно за да се пробиеме на фриленс платформите и како да станеш успешен фриленсер, односно менаџер/ка на своето време со цел да ги понудиш своите вештини низ целиот свет.
На 4 октомври, во амфитеатарот на Деканатот при Медицинскиот факултет, студентките и студентите стекнаа практични знаења и вештини на работилницата на тема „Јавно говорење како клучна вештина за успех“ каде предавач беше комуникологот и експерт за застапување, Бојан Кордалов. Во рамки на Работилницата, се здобија со нови знаења и практични вештини за стекнување самодоверба, владеење со сцената, односно како да станеш успешен соговорник, но и како правилната комуникација може да помогне во секојдневниот живот, во рамки на студирањето и на кариерниот пат.

Благодариме за огромниот интерес и многуте мотивирани учесници кои придонесоа работилниците да бидат интерактивни, исполнети со практични совети, заеднички споделено знаење и искуства. Се гледаме наскоро со нови активности.
Работилниците беа во организација на Универзитетско студентско собрание при УКИМ, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Центарот за кариера при УКИМ и Студентскиот културен центар, со поддршка на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од IESC во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ) и CEED Hub Скопје, а се спроведоа од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).
View this post on Instagram
View this post on Instagram
View this post on Instagram
