Се креира заедничка платформа за дигитализација на високото образование

Иницијативата за дигитализација на државните универзитети #DigiU го организира настанот „Заедничка платформа за дигитализација на високото образование“, кој ќе се одржи денес, 9 октомври 2024 година во 11:00 часот во просториите на ИНО ФЕИТ во Скопје. Настанот има за цел да креира заедничка платформа со комуникација и координација на процесот на дигитализација на високото образование помеѓу Министерството за образование и наука, ректоратите на државните универзитети, Националното студентско тело, како и Собранието (Комисија за образование, наука и спорт; Комисија за социјална политика, демографија и млади; Клуб за младински прашања и политики).…