Со задоволство споделуваме информација за трите работилници со кои ја започнуваме оваа академска година 2024. Секој заинтересиран студент и студентка ќе имаат можност да научат повеќе за тоа како физичката активност може да ги подобри кариерните перформански и менталното здравје, да се запознаат со најпознатиот начин на работа на глобален пазар односно фриленсингот, а на работилницата за јавно говорење да ја совладаат и една од најбараните и најважни меки вештини.
Работилниците се организираат на 2, 3 и 4 Октомври 2024 година, во организација на Универзитетско студентско собрание при УКИМ, Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ – Скопје, Центарот за кариера при УКИМ и Студентскиот културен центар, со поддршка на Активноста на УСАИД за млади кои активно создаваат можности, имплементирана од IESC во партнерство со Младинскиот образовен форум (МОФ) и CEED Hub Скопје, а се спроведоа од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).
Повеќе информации за работилниците:



За пријава на работлиниците пополнете ја пријавата ТУКА
