Со задоволство споделуваме информација за трите работилници со кои ја започнуваме оваа академска година 2024. Секој заинтересиран студент и студентка ќе имаат можност да научат повеќе за тоа како физичката активност може да ги подобри кариерните перформански и менталното здравје, да се запознаат со најпознатиот начин на работа на глобален пазар односно фриленсингот, а на работилницата за јавно говорење да ја совладаат и една од најбараните и најважни меки вештини. Работилниците се организираат на 2, 3 и 4 Октомври 2024 година, во организација на Универзитетско студентско собрание при УКИМ, Универзитетот…
Month: September 2024
ИДУЕП останува партнер на Собранието во делот на младинските политики – Формиран Клубот за младински прашања во новиот собраниски состав
Директното младинско учество и ефектите на Законот за младинско учество и младински политики беа во фокусот на првата јавна дебата организирана од новоизбраниот состав на Клубот за младински прашања и младински политики при Собранието. Свои воведни излагања за време на дебатата имаа новоизбраната координаторката на Клубот, Драгана Бојковска, како и заменик-министерот за социјална политика, демографија и млади, Ѓоко Велковски и директорката на Вестминстер фондацијата за демократија, Дона Костуранова. Дискутантите се осврнаа на потребата од имплементација на Законот за младинско учество и политики од страна на институциите, но беа предложени и…
