Плоштадот во Кавадарци беше централното место каде се одржа петтиот од низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. На едно место се обединија претставници на централната и локалната власт со цел давање поттик за младите луѓе да бидат поактивни и повеќе вклучени со свои иницијативи во обликувањето и менувањето на општеството. Спојот на раскажани успешни и мотивациски лични приказни, како и драмата, музиката и уметноста беа само дел од начините преку кои караванот допре до…
Year: 2023
Караванот „Остави трага“ во Кавадарци – Со успешни приказни заеднички да ги поттикнеме младите да бидат активни чинители во општеството
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со петтиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Кавадарци на 23.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот „Кавадарци“, во непосредна близина на општинската зграда. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Славица Грковска, заменик претседателка…
Караванот „Остави трага“ од Охрид: Младите се сегашноста, секој од нас да биде пример за нивна мотивација да бидат активни општествени чинители
Викендов во Охрид се одржа регионалниот настан, кој е четврти во низата на јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Целта беше да се подигне јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за градење на општество на еднакви можности за секоја личност. Спојот на десетината раскажани мотивациски лични приказни, како и уметноста и музиката беа само дел од начините преку кои караванот допре до младите луѓе од Охрид, но и многубројните гости во…
Учесниците на караванот „Остави трага“ во посета на Вила Билјана во Охрид
Во рамки на активноста „Отворен кабинет“, државната Вила Билјана во Охрид ја посетија учесниците на регионалниот мултимедијален настан на карванот „Остави трага“. Посетителите имаа можност да ја разгледаат и да се запознаат со историски податоци за Вила Билјана, беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби. Во рамките на посетата, посетителите разговараа со сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на теми поврзани со нејзините активности, како и за нејзината вклученост во мултимедијалниот настан на карванот „Остави трага“.…
Караванот „Остави трага“ денес во Охрид – Регионална акција за поттикнување на младинското учество и градење општество без омраза
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со четвртиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Охрид на 19.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот кај Центарот за култура „Григор Прличев“. Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Славјанка Петровска, министерка за одбрана…
АМС во Регистарот ја внесе ИДУЕП како Организација за млади
Во текот на месец Август 2023 година, на барање на Инстититутот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а врз основа на доставена целосна и валидна, законски пропишана документација, Агенцијата за млади и спорт ја запиша ИДУЕП како Организација за млади во својот Регистар на младински организации, организации за млади и младински чадор организации. Ова е уште едно признание за ИДУЕП и напорите кои ги вложува во насока на развивање на поголем број на проекти и активности наменети за поддршка на младите луѓе, како и различни програми специјално креирани за…
МААА Успешна приказна: Бојан Кордалов
Бојан Кордалов е виш специјалист по комуникации со повеќе од 20 години работно искуство. Како млад професионалец, во 2007 година, добил можност да стане дел од врвната професионална програма за размена „Меѓународна програма за лидерство на посетители (IVLP)“ спонзорирана од Стејт Департментот на САД. „IVLP дефинитивно имаше многу позитивно влијание врз мене како личност, но и врз мојата севкупна професионална кариера. Тие 3 недели поминати во 6 различни градови во 5 држави низ САД ми овозможија да запознаам многу аспекти од функционирањето на американското општество. Програмата ни овозможи да видиме…
Policy brief: Како до подобар младински стандард? Препораки и предлози за дејствување на собранискиот Клуб за младински прашања и политики
Финален Документ со конкретни препораки и предлози за идното дејствување на Клубот за младински политики при Собранието 2023/2024 година кој е изготвен од страна на Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман“ со цел предлог конкретни активности и мерки кои ќе водат кон подигнување на младинскиот стандард во земјата. Овој документ е дел од 6месечен консултативен процес во кој беа вклучени различни граѓански организации кои застапуваат и работат со млади, а започна со организирање на јавниот настан на тема „Како до подобар младински стандард во 2023…
Караванот „Остави трага“ испрати порака од Дојран: Заедно за поголемо младинско учество и еднакво општество“
Дојран беше главното место каде викендов се одржа третиот од серијата јавни настани за подигање на јавната свест помеѓу младите луѓе, а кој е насловен „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Целта беше да се подигне јавната свест во локалната заедница, особено меѓу младите луѓе и потребата за создавање на вистинско еднакво и различно општество. Културата, уметноста и дебатата беа во средиштето на овој настан каде беа раскажани многу инспиративни и успешни приказни, но и примери за борба против стереотипите, дискриминацијата и говорот на омраза пред жителите…
Караванот „Остави трага“ во Дојран – Заедно за младинска активација и еднакво општество
Караванот „Остави трага“, кој има за цел да ги мотивира младите, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со третиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Дојран на 22.7.2023 година со почеток во 19:30 часот во паркот кај Општината („Кај јаворите“). Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна!“ на која учество ќе земат: Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика Фатмир Битиќи, заменик претседател на Владата Н.Е.…
