Караванот „Остави трага“, кој има за цел да поттикне младинска активација, но и да пренесе пораки на еднаквост и толеранција низ целата земја, продолжува со четвртиот од серијата на настани за подигање на јавната свест, кој ќе се одржи во Охрид на 19.8.2023 година со почеток во 19 часот во паркот кај Центарот за култура „Григор Прличев“.
Во рамки на настанот ќе се реализира и панел дискусија под името „Еднаква, своја, успешна“ на која учество ќе земат:
- Јованка Тренчевска, министерка за труд и социјална политика
- Славјанка Петровска, министерка за одбрана
- проф. Елизабета Ѓоргиевска, сопруга на Претседателот
- Сестра Ефимија, монахиња
- Аида Авехабовиќ, граѓанска активистка од Босна и Херцеговина
- Алма Мујановиќ, претседателка на Здружение за промоција на знаковен јазик „Знак за збор“ од БиХ
- Марина Вујачиќ, извршна директорка на здружение „УМХ“ од Црна Гора
- Ламбро Патче, менаџер
- Бисера Чадловска, диригентка
- Наташа Поповиќ, директорка на „Охридско лето“
- Владанка Трајкоска, претседателка на ОРМ
- Марија Андреева, проектнa раководителка во рамки на канцеларијата на Советот на Европа (CoE) во Скопје
Целта на овој регионален настан е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. Настанот официјално ќе го отвори групата „Шербет“, ќе биде изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн ќе изготват уметнички дела на платно, додека младата уметничка Мартина Наумовска ќе гравира на стакло и стаклени чаши.
Серијата јавни настани која е насловена „Дојди и раскажи ја својата приказна – Остави трага“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.