Во рамки на активноста „Отворен кабинет“, државната Вила Билјана во Охрид ја посетија учесниците на регионалниот мултимедијален настан на карванот „Остави трага“. Посетителите имаа можност да ја разгледаат и да се запознаат со историски податоци за Вила Билјана, беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби.
Во рамките на посетата, посетителите разговараа со сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска на теми поврзани со нејзините активности, како и за нејзината вклученост во мултимедијалниот настан на карванот „Остави трага“. На настанот присуствуваа и регионалните гостинки Аида Авехабовиќ, граѓанска активистка од Босна и Херцеговина, Алма Мујановиќ, претседателка на Здружение за промоција на знаковен јазик „Знак за збор“ од БиХ и Марина Вујачиќ, извршна директорка на здружение „УМХ“ од Црна Гора, како и претставнички и претставници од Здружението на глуви и наглуви – Охрид.
Серијата јавни настани „Остави трага – Дојди и раскажи ја твојата приказна“ се спроведува во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи во соработка со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“.
Повеќе фотографии од настанот:
Фото: Кабинет на Претседателот Стево Пендаровски