АМС во Регистарот ја внесе ИДУЕП како Организација за млади

Во текот на месец Август 2023 година, на барање на Инстититутот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а врз основа на доставена целосна и валидна, законски пропишана документација, Агенцијата за млади и спорт ја запиша ИДУЕП како Организација за млади во својот Регистар на младински организации, организации за млади и младински чадор организации.

Ова е уште едно признание за ИДУЕП и напорите кои ги вложува во насока на развивање на поголем број на проекти и активности наменети за поддршка на младите луѓе, како и различни програми специјално креирани за промовирање на младите луѓе како активни чинители во општеството, носители на промените во општеството и нивно вклучување во општествените процеси на централно и локално ниво.

Поврзани соддржини

Leave a Comment