„Walk and Talk“ караванот во Виница и Блатец

Во среда, 13.12.2023 година во Виница и Блатец ќе се организираат „Walk and Talk“ настаните кои имаат за цел подигање на свеста и надминување на стигмата поврзана со менталното здравје помеѓу младата популација. Целта е да се охрабрат младите луѓе на возраст помеѓу 15-25 години отворено да разговараат за предизвиците за менталното здравје преку пристап заснован на активности прилагодени за оваа возраст.

Според концептот на проектот предвидено е креирање на мапа по која учесниците ќе се движат за време на настаните со 3 точки на застанување каде експерти за ментално здравје заедно со младите ќе разговараат за сите предизвици со кои тие се соочуваат.

Караванот започна од Струмица и Валандово, a досега беше организиран и во Штип, Пробиштип, Тетово, Прилеп, Битола, Велес, Кавадарци, Свети Николе, Куманово, Гостивар и Крива Паланка. Покрај следните два настани во Виница и Блатец, предвидено е организирање на финалниот настан од оваа проектна фаза во Скопје.

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Поврзани соддржини

Leave a Comment