Кордалов за „Имам нешто да ти кажам“: Да ставиме конечно фокус на потребите на луѓето, а не на партиите

Во 10тата епизода на поткастот „Имам нешто да ти кажам“, гостин на Јован Цветкоски му беше Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Кордалов, наведувајќи ги приоритети во работата на ИДУЕП, смета дека е потребно да се стави фокус во јавната комуникација на теми кои се реално важни за граѓаните, наместо на евидентната желба на партиите за останување или доаѓање на власт на централно или локално ниво.

„ИДУЕП е основана во 2009 година, а си имаме поставено 3 клучни приоритети. Првиот е доброто управување, односно примарно како властите комуницираат со граѓаните и колку се користи дигитализацијата и иновативните технологии од страна на институциите со цел подобар живот за сите луѓе. Втората, евроатлантските интеграции и членството во ЕУ и НАТО со фокус на придобиките за граѓаните, но и обврските. Нашата мисија како ИДУЕП во овој дел е застапување на процесот и комуникација на тема Европска Унија. И третиот приоритет е поддршката за младите и жените преку креирање на посебни програми од страна на Институтот. И ова е нешто во кое многу вложуваме бидејќи сметаме дека е неопходно наметнување на овие теми, а особено има неоходност од многу поголемо вклучување на младите и жените во процесите на одлучување на централно и локално ниво“, вели во подкастот „Имам нешто да ти кажам“ Бојан Кордалов, претседател на Институтот.

Во рамки на оваа епизода беа опфатени и други теми како професиите, зошто и колку честа промена на работни места, политичарите и односот кон грашаните, младите во фокусот, дигитализација и што итно треба да менуваме во општеството, како и што треба подобриме како граѓани во ова општество.

Видео од поткастот:

 

Фото: Ристе Лекоски

Поврзани соддржини

Leave a Comment