Караванот „Walk and Talk“ во Гостивар и Крива Паланка отворено разговараше со младите луѓе за предизвиците поврзани со зачувувањето на менталното здравје

„Walk & Talk“ караванот продолжува да прави позитивни промени и да ги руши табуата поврзани со менталното здравје помеѓу младата популација! Изминатата недела на нашите младински дружби и отворени разговори на кој начин да се избориме со проблемите, изборите кои ги правиме на дневна основа и односите кои ги градиме со средината им се приклучија и младите од Гостивар и Крива Паланка.

Иницијативата е предвидено да има 16 настани во различни градови кои имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје преку пристап заснован на игра и разговор со експерти за грижа за менталното здравје.

Замислата на „Walk and Talk“е настаните да се спроведуваат како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Пешачењето го смирува умот, го подобрува расположението, го намалува ризикот како од депресија, така и од други проблеми поврзани со стресот и анксиозноста. Преку овие заеднички активности со врсниците и пријателите, социјализацијата може да даде и дополнителна придобивка, помагајќи им на младите да почувствуваат стабилност и потпора.

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Поврзани соддржини

Leave a Comment