Заедно со младите ги рушиме табуата и стигмата поврзана со менталното здравје – „Walk and Talk“ караванот во Велес и Кавадарци

Нашиот „Walk & Talk“ тим продолжува да ги руши табуата и да креаира култура која ги охрабрува младите да бараат поддршка кога таа им е потребна – Интерактивни игри, разговори и многу споделени искуства и совети за како младите да го унапредат своето ментално здравје беа дел и од младинските дружби во Велес и Кавадарци.

Замислата на оваа иницијатива е настаните да се спроведуваат како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Пешачењето го смирува умот, го подобрува расположението, го намалува ризикот како од депресија, така и од други проблеми поврзани со стресот и анксиозноста. Преку овие заеднички активности со врсниците и пријателите, социјализацијата може да даде и дополнителна придобивка, помагајќи им на младите да почувствуваат стабилност и потпора.

Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).

Поврзани соддржини

Leave a Comment