Заедничкиот авантуристички дух и ентузијазмот беа водич по дождливите патеки во Бањиче заедно со младите луѓе од Тетово. Дел од предлозите на средношколците за подобрување на расположението кои произлегоа од разговорите со експертите за ментално здравје: Нашиот тажен другар/ка ќе го/ја прашаме како си?; Сите заедно се вклучуваме во активности, нема исклученост на ниедна личност; Повеќе ќе слушаме што сакаат да ни кажат нашите врсници и блиски… На крајот од настанот беа посадени дрвца, а како поддршка на иницијативата „Боренка“ која се стреми да ја направи нашата држава позелена .
Замислата на оваа иницијатива е настаните да се спроведуваат во 16 различни градови како рути за заедничко пешачење со цел да се промовира физичката активност и придобивките од активностите на отворено за менталната добросостојба. Тие имаат за цел да ги поттикнат младите (15-29 години) отворено да зборуваат за предизвиците на менталното здравје и да го дестигматизираат менталното здравје преку пристап заснован на игра и разговор со експерти за грижа за менталното здравје. Преку овие заеднички активности со врсниците и пријателите, социјализацијата може да даде и дополнителна придобивка, помагајќи им на младите да почувствуваат стабилност и потпора.
Иницијативата „Walk & Talk“ ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Сојузот на извидници, а со поддршка на локалната Канцеларија на УНИЦЕФ и Министерството за труд и социјална политика (МТСП).