Претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов, учествуваше во работна посета на Малме, Шведска на 18 и 19.5.2023 година. Целта на посетата беше размена на искуства и стекнување на нови знаења и вештини во делот на дигитализацијата, младите, стартап културата и социјалните промени на различни нивоа и сфери на општествено дејствување, како и средби и вмрежување со нови потенцијални институции, организации и поединци.
Во рамки на активностите, меѓу другото, беше остварена посета на Универзитетот во Малме, со претставнички и претставници на организациите „БИД Малме“, Центарот за социјален развој меѓу младите „Flamman SFC“, понатаму, со одговорните во рамки одделот за дигитализација на градот Малме и деловната канцеларија со посебен фокус на развојот на Градот Малме, како и со стартап центарот „MINC“ во 2003 година како еден од првите стартап инкубатор во Скандинавија Домаќин и организатор на целокупната посета беше Седат Ариф, заменик градоначалник во градот Малме.
На средбите беше разговарано за можностите за размена на искуства и соработки, како и спроведување на заеднички активности во рамките на мисиите, како и целите и задачите на организациите и институциите, со особен фокус на дигиталната трансформација на општеството, поддршка за младите преку посебни програми и развој на стартап културата, инклузивната комуникација меѓу граѓаните и властите и социјалната интеграција.
Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со оваа и идни вакви активности продолжува да ја зајакнува својата меѓународна позиција и соработка, истовремено давајќи максимален придонес за унапредување на македонското општество и конкретен придонес во процесите на дигитализација, поддршка на младински проекти и иницијативи, како и во рамките на преговорите со цел полноправното членство во Европската Унија.