#DigiU организира форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“

Форумот за образовни промени (ФОП), Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA) и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во рамки на иницијативата за дигитални услуги во високото образование (DigiU) организираат Форум на тема „Дигитализација на државните универзитети во Република Северна Македонија“. Настанот ќе се одржи на 27.4.2023 година со почеток во 10 часот.

Во прилог агендата на настанот:

09:45-10:05 | Пристигнување на учесниците и заеднички изјави за медиуми

10:05-10:10 | Воведно обраќање и отворање на #DigiU Форум од страна на Бленди Ходаи (ФОП)

10:10-11:30 | Панел 1: Заинтересирани страни наспроти носители на одлуки

– Азир Алиу, министер за информатичко опшстетсвто и администрација
– Агим Нухиу, заменик-министер за образование и наука
– Дејан Мираковски, ректор на Универзитетот „Гоце Делчев“
– Христина Спасевска, проректорка за настава при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“
– Куштрим Ахмети, ректор на Тетовскиот Универзитет

– Модератор: Бојан Кордалов (ИДУЕП)

 

11:50-12:40 | Панел 2: Универзитетските студентски собранија како “spiritus movens” на процесот на дигитализација во државните универзитети

– Славчо Темелковски, претседател на УСС УКИМ
– Сара Денковска, претседателка на УСС УГД
– Душан Стевановски, претседател на УСС УКЛО

– Модераторка: Мила Младенова

 

12:40-13:00 | Заклучоци од дискусијата

– Модераторка: Викторија Постоловска

Поврзани соддржини

Leave a Comment