Дигитализацијата конечно да стане национален и натпартиски приоритет – иницијатива на ИДУЕП на средбата со МИОА Азир Алиу

Одржана работна средба на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на која се разговараше за можностите и иницијативите за меѓусебна соработка и јакнење на капацитетите на МИОА во делот на напорите за дигитална трансформација, како и процесот на пристапни преговори со Европската Унија, во делот на Поглавјето 10 – Информатичко општество и медиуми.

Претставници на ИДУЕП и Министерството за информатичко општество (МИОА) во следниот период ќе ги дефинираат потенцијалите за конкретни заеднички активности поврзани со застапување на процесот на дигитализација, ИТ технологиите, како и за вклучување на младите во овие клучни процеси за нашата земја.

За време на состанокот, беше покрената и иницијативата на ИДУЕП дадена пред повеќе од 3 години каде се предлага дигитализацијата да се постави на врвот на приоритетите во општеството, како натпартиска и национална платформа во која ќе се вклучат сите заинтересирани чинители кои сакаат да дадат сопствен придонес.

ИДУЕП ги повикува сите млади луѓе кои сакаат да се вклучат и да дадат придонес во сферата на дигиталната трансформација, да не контактираат, изразат инетерес и да ги претстават своите иницијативи во оваа сфера.

Поврзани соддржини

Leave a Comment