ИДУЕП организира дебата на младински претставници со вицепремиерот Фатмир Битиќи

За време на настанот кој ќе се одржи на 15.3.2023 година, ИДУЕП на вицепремиерот Битиќи ќе му ја предаде Анализата и заклучоците од проектот „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ по што се предвидени и изјави за медиумите.

Веднаш потоа, на истата тема е предвидено организирање на дебата на повеќе младински претставнички и претставници со ЗПВРСМ задолжен за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи.

Дебатата со почеток од 12 часот ќе биде пренесувана во живо на Фејсбук страната на ИДУЕП, како и на Фејсбук страната на вицепремиерот Битиќи.

Претходно, на ден 22.2.2023 година, собранискиот Националниот совет за евроинтеграции на својата Деветта седница, како единствена точка на дневниот ред ја разгледа и едногласно ја усвои Анализата „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат вештини денес” изработена од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи. Пратениците и другите членови на НСЕИ дногласно одлучија анализата на ИДУЕП со заклучоците и препораките, заедно со стенографските белешки од седницата, да се достават до Владата за нејзино информирање и натамошно постапување. Повеќе инфо ТУКА

Анализата е изработена во рамки на истоимениот проект кој се имплементира од страна на ИДУЕП, кој е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот.

Во рамки на проектот беа организирани два поголеми настани, серија јавни настапи, како и средби со општествени чинители каде заинтересираните страни заеднички ги идентификуваа потребите, барањата и очекувањата на младите луѓе со институциите да градат успешни приказни и инклузивни младински политики, првенствено преку вклучување на секој млад човек во обликувањето на својата иднина. Исто така, една од главните компоненти беше идентификување и на потребите на бизнис заедницата при процесите на вработување и отворање на нови работни места кои ги засегаат и директно таргетираат младите луѓе. Во активностите на проектот се вклучија поголем број на младински организации и индивидуи, стопанските комори, како и јавни институции со надлежност во оваа сфера.

Анализата е достапна ТУКА

Поврзани соддржини

Leave a Comment