Студентите имаат 100 проблеми, но трчањето по шалтери не треба да е еден од нив! За таа цел студентите и нивните организации бараат дигитално трансформирани универзитети! Ова беше заклучено на првиот состанок на младински организации кој се залага за дигитални услуги во високото образование.
На 3 февруари 2023 година фицијално започна иницијативата #DigiU иницирана од Форумот за образовни промени (FECH), ИДУЕП и Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA), каде присуствуваа и дел од студентските собранија и беше разговарано за различните можности што ќе доведат на чекор поблиску до дигиталните универзитети.
ИДУЕП го поддржува создавањето на заеднички сојуз кој ќе се залага за дигитални услуги во високото образование. Само преку заедничка работа за создавње на дигиталните универзитетски услуги води кон ефикасни, ефективни, транспарентни и достапни услуги за секој студент и студентка.