ИДУЕП со поддршка за #DigiU – Заеднички сојуз за дигитални услуги во високото образование

Студентите имаат 100 проблеми, но трчањето по шалтери не треба да е еден од нив! За таа цел студентите и нивните организации бараат дигитално трансформирани универзитети! Ова беше заклучено на првиот состанок на младински организации кој се залага за дигитални услуги во високото образование. На 3 февруари 2023 година фицијално започна иницијативата #DigiU иницирана од Форумот за образовни промени (FECH),  ИДУЕП и Асоцијацијата за младинско зајакнување (YEA), каде присуствуваа и дел од студентските собранија и беше разговарано за различните можности што ќе доведат на чекор поблиску до дигиталните универзитети. ИДУЕП…