На ден 21.12.2022 година, Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман„ организираат јавен настан на тема „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“. Овој настан се организира во директна соработка со Клубот за младински политики при Собранието во кој членуваат пратеници и пратенички од сите политички партии на возраст до 35 години.
Целта на настанот е поголемо вмрежување на различни граѓански организации кои застапуваат и работат со млади и собранискиот Клуб за младински политики, односно дефинирање и преземање на конкретни активности и чекори со цел заедничка работа, мерки и активности во текот на 2023 година. Очекуваме ваквиот пристап да ја зајакне улогата на младите луѓе во процесите на одлучување на сите нивоа на власт, а тоа директно да се придонесе за намалувањето на процентот на млади кои сакаат да се иселат од земјата.
Истовремено, идејата на овој настан е отворено да се разговара за сите аспекти, односно предизвици и проблеми поврзани со младинскиот стандард, особено со нудење на конкретни решенија кои се единствено можни преку градење на соработки и заедничко дејствување меѓу властите, граѓанскиот сектор и сите други општествени чинители. Дел од темите кои се очекува да бидат опфатени се мерки и конкретни решенија за: корупцијата како главна причина за иселувањето на младите, условите за учење и студирање, условите за престој во студентски домови и објекти, студентскиот оброк, младинската вклученост во одлучувањето и младинското информирање и други видови на поддршка за младите на локално и централно ниво.
По овој консултативен настан е предвидено да произлезе Документ со конкретни препораки и предлози за идното дејствување на Клубот за младински политики при Собранието.
Агенда на настанот:
12:15 – 12:25 часот Отворање на настанот:
Бојан КОРДАЛОВ, комуниколог, координатор на Програма во ИДУЕП
Ивајло ЦОНЕВ, проектен координатор на Фондација „Фридрих Науман“
Моника ЗАЈКОВА, пратеничка и координаторка на Клубот за младински политики
12:25 – 12:45 часот Панел дискусија: „Дали младите се приоритет на властите во носењето на одлуки на централно и локално ниво – дијалог, предизвици и решенија“
Воведни обраќања на панелот:
Бојан СТОЈАНОСКИ, пратеник во Собранието
Перо КОСТАДИНОВ, градоначалник на Општина Валандово и потпретседател на ЗЕЛС
Фиснике БЕКТЕШИ ШАЌИРИ, пратеничка во Собранието
12:45 – 13:30 часот Дискусија
13:30 – 14:00 часот Изјави за медиумите
14:00 – 14:20 часот Панел дискусија: „Колку корупцијата влијае на намалувањето на младинскиот стандард – дијалог, предизвици и решенија“
Воведни обраќања на панелот:
Моника ЗАЈКОВА, пратеничка и координаторка на Клубот за младински политики
Тимчо МУЦУНСКИ, градоначалник на Општина Аеродром
14:20 – 15:00 часот Дискусија
15:00 – 15:10 часот Презентација на истражување на тема „Младите во 2022 – факти и заклучоци“ изработено од Младинскиот сојуз Крушево
15:10 – 15:30 часот Заклучоци и завршни согледувања
Модератори на настанот:
Ирена ШУМЕНКОВСКА, младинска НАТО амбасадорка
Гент САЛИХИ, младински активист