Повеќе од 30 учесници и учеснички беа дел од обуката за медиумска писменост и јавен настап која се одржа во рамките на вториот дел од Проектот „Info vs. Disinfo: Градење на отпорност кон дезинформациските практики” кој го спроведува Евро-Атлантскиот Совет со поддршка на НАТО секторот за јавна дипломатија и Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП).
Со поддршка од искусните комуникациски обучувачи, Бојан Кордалов и Тоше Зафиров учесничките и учесниците разговараа за разликите помеѓу типовите на лажни вести, со акцент на дезинформациите, како и најчестите техники и методи кои се користат во пропагандата. Дополнителено, посебен фокус беше ставен на јавното говорење и јавниот настан како основа за подготовка на претстојната НАТО симулација.
На обуката претходеше информациски брифинг и поделба на улоги за 9. НАТО студентска симулација насловена „НАТО по Мадридскиот самит“ која традиционално ја организира Евроатлантскиот Совет. Брифингот беше предводен од страна на Илија Џугуманов, генерален секретар на Евро-Атлантскиот Совет.
Настанот се одржа во просториите на Млади хаб во Скопје.