Како до подобар младински стандард во 2023 година? ИДУЕП и ФНФ организираат дијалог меѓу властите и младинските организации

На ден 21.12.2022 година, Институтот за добро управување и евро-атлантски перспективи (ИДУЕП) и Фондацијата „Фридрих Науман„ организираат јавен настан на тема „Како до подобар младински стандард во 2023 година?“. Овој настан се организира во директна соработка со Клубот за младински политики при Собранието во кој членуваат пратеници и пратенички од сите политички партии на возраст до 35 години. Целта на настанот е поголемо вмрежување на различни граѓански организации кои застапуваат и работат со млади и собранискиот Клуб за младински политики, односно дефинирање и преземање на конкретни активности и чекори со…