„Ефикасна комуникација на јавните институции како предуслов за професионално позиционирање во јавниот дискурс“ е насловот на циклусот на обуки наменет за вработените во Државниот завод за ревизија (ДЗР). Обуките беа реализирани во текот на месец февруари 2021 година од страна на комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов.
Во делот на стратегиското моделирање на односите со јавноста ревизорите стекнаа напредни знаења и вештини во делот на градење на ефикасен модел на внатрешна и надворешна комуникација, зголемување на институционална транспарентност и потребата од воспоставување на професионална и континуирана двонасочна комуникација со медиумите.
Посебен акцент беше ставен и на начинот на кој ДЗР комуницира во јавниот дискурс и начините на кој професионалната комуникација од работата на ДЗР влијае во борбата со лажните вести.
Државниот завод за ревизија продолжува уште поинтензивно да го следи трендот на користење на новите технологии, препознавајќи ја потребата и за унапредување на вештините за дигитализацијата како позитивна придобивка во тековната работа и ревизорски активности.