Пет организации од меѓународната Junior Achievement мрежа успешно го поминаа прциот циклус на обуки за стратешки комуникации во текот на месеците февруари и март 2021 година. Обуките ги спроведе тим на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективни (ИДУЕП) предводен од комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов, а врз основа на потребите и стратегијата за обуки на канцеларијата на Junior Achievement Europe во Брисел.
Обуките во првиот циклус беа фокусирани на подобрувањето на презентациските и комуникациските вештини за членовите на канцелариите на организациите, а главен акцент беше ставен на градењето на успешна комуникација со донаторската заедница, бизнис секторот, како и создавање на професионален модел на комуникација со медиумите, но и правилно користење на социјалните медиуми со цел поголема инклузивност и градење на двонасочна комуникација.
Како следна фаза од реализацијата на обуките секоја JA организација веќе изработува свој месечен акциски комуникациски план кој ќе биде реализиран под менторство на главниот предавач – експерт на ИДУЕП. Дополнително, за членовите на канцелариите на организациите се предвидува и одржување на посебен модул за обука кој ќе се фокусира на подобрувањето на комуникациските вештини преку градење на професионални модели и пакети кои ќе бидат атрактивни за поддршка и финансирање од страна на бизнис заедницата како општествено-одговорно проекти.
Организации кои се дел од обуките за стратешки комуникации се: JA Serbia, JA Moldova, JA Georgia, JA Macedonia и JA Romania.