„Важноста на социјалните медиуми во промоцијата на меѓународни проекти од областа на културата“ беше темата на обуката која беше реализирана во текот на јануари и февруари 2021 година од страна на комуникологот и координатор на Програмата за транспарентност, медиуми и дигитализација на ИДУЕП, Бојан Кордалов и консултантот за социјални медиуми и дигитален маркетинг, Владо Цекиќ. Обуката беше наменета за проектниот менаџмент и претставниците на организациите вклучени во рамки на проектот „The ways of the Heroes“ .
За време на ова обука, учесниците се стекнаа со продлабочени знаења и вештини за потребата од професионално присуство и активност на социјалните медиуми и другите дигитални алатки, важноста и начинот на кој функционираат алгоритмите на социјалните медиуми, како и неопходноста од градење на ефикасна и спроведлива комуникациска стратегија во делот на правилното и ефикасно користење на дигиталните алатки од страна на организациите.
Проектот „The Ways of Heroes“ е кофинансиран во рамки на „Creative Europe“ – Програмата на Европската Комисија за поддршка на секторите култура и аудиовизуелни дејности. Овој проект се спроведува од 7 граѓански организации од 6 земји од ЈИЕ и организации од Грција и Италија, а партнер-органзација од нашата земја страна е Македонскиот народен театар (МНТ).