Поддршка за општина Битола за поголема транспарентност, отчетност и дигитализација

Градоначалничката на општина Битола, Наташа Петровска оствари средба со претседателот на Институтот за добро управување и евроатлански перспективи (ИДУЕП), Бојан Кордалов. 

На средбата Кордалов посочи дека е потребна поголема поддршка до локалните самоуправи во наведените процеси, со цел граѓаните да добијат повидливи услуги во насока на олеснување на секојдевното живеење. Институтот предлага да се потпише Меморандум за соработка со Општина Битола, со кој се става во функција натамошната взаемна соработка на повеќе полиња.

Градоначалничката посочи дека секоја соработка е добредојдена, особено онаа која ја вклучува транспарентноста, отчетноста, но и дигитализацијата, како современа алатка за олеснување на процесите. Таа исто така рече дека е надмината лошата состојба со која се соочи при нејзиното доаѓање, така што нештата се поместени во подобра насока, сега општината е стабила и може да се работи во сферата на подобрување на одредени услуги.

На средбата исто така се разговараше за начинот на рекламирање на јавните институции, транспарентноста на локалните институции, како и потребата од поддршка и соработка на јавните функционери со медиумите, како и натамошни чекори на дигитализација на локалните самоуправи во однос на поедноставување на процесите кон граѓаните и остварувањето на нивните права во рамките на ЕЛС.

Поврзани соддржини

Leave a Comment