Во време на заострување на препораките и мерките од надлежните државни институции со цел заштита на граѓаните од корона вирусот, нашето општество, но и речиси целиот свет се соочува со нови предизвици. Покрај заштитата на здравјето на секој поединец што претставува основен предуслов, многу е важно непреченото функционирање и унапредување на демократските процеси, како и заштита на основните човекови права, ставајќи акцент тука на слободата на изразувањето, мислењето, медиумите, еднаквиот пристап до информациите итн. Ова особено се однесува за начинот на функционирање на јавните институции во услови на криза, како…
Month: March 2020
ИДУЕП потпиша меморандум за соработка со општина Крива Паланка
Сите јавни институции мора континуирано да ја подобруваат својата отвореност кон медиумите и граѓаните – ова беше уште еднаш потврдено на заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и градоначалникот на општина Крива Паланка, Борјанчо Мицевски. За таа цел, на средбата беше потпишан Меморандум за соработка помеѓу ИДУЕП и општина Крива Паланка. Со овие меморандуми кои ги склучуваме во континуитет, ИДУЕП ги поттикнува единиците за локална самоуправа на унапредување на соработката и заложба за постојано дејствување во сферата на доброто управување, со особен акцент…
Иницијатива на ИДУЕП за граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација
Институтот за добро управување и евро-атлнтски перспективи (ИДУЕП) на ден 6.3.2020 година до државниот врв и политичките партии испрати допис со цел создавање на граѓанска и натпартиска платформа за дигитализација. Дописот го објавуваме интегрално во продолжение: Дигитализацијата е процес кој веќе го одбележува 21 век! Процесот на дигитализација одамна е избор, како и обврска за секое општество која сака да напредува во општествено – политичките, економските и другите процеси. Токму воведувањето на ефикасна дигитализација во секоја сфера од живеењето ги унапредува можностите на граѓаните, бизнис секторот, медиумската слобода и независност,…