Претставници на DigiU остварија работен состанок со ректорот на УГД Штип

Претставници на иницијативата „#DigiU“ беа во работна посета на Штип каде се сретнаа со ректорот на Универзитетот „Гоце Делчев“, проф. д-р Дејан Мираковски и со проректорот за настава и студенти, проф. д-р Мишко Џидров. Тема на состаноците беше процесот на дигитална трансформација во високото образование и начините за негово унапредување. Посебен акцент беше ставен на позитивните практики кои овој Универзитет ги покажува во сферата на дигитализацијата на студентските услуги и е-учењето. За таа цел, во наредниот период се планира организирање на заеднички настани со цел промоција на конкретни позитивни дигитални…