„МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“ – Отворен повик за креативно изразување

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) во соработка со Министерството за труд и социјална политика, со поддршка од страна на Проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ распишува:   Отворен повик за креативно изразување на тема: „МЛАДИ ПРОТИВ ОМРАЗАТА“   Кој има право на учество: млади лица на возраст помеѓу 15 и 35 години Со што може да учествувате: фотографија/и, видео/а, цртеж/и, поезија, проза, слики, краткометражни аматерски филмови, рилс и други…

Со мултимедијален настан означен почетокот на „Остави трага“

Во знак на отпочнување на серија на настани под името „Остави трага“ која се однесува на млади лица, а ја спроведува Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа, „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“ се одржа мултимедијален настан под името „Дојди раскажи ја својата приказна – Остави трага“. Во рамките на настанот се реализираше  панел дискусија под името „Еднаква, своја,…

ИДУЕП во работна посета на Брисел – Во фокусот комуникацијата на процесот на ЕУ преговори и зајакнувањето на партнерствата

Претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) беа во работна посета на Брисел и дел од ЕУ институциите во периодот 30.5 до 2.6.2023 година. Целта на посетата беше размена на искуства и стекнување на нови знаења и вештини во делот на поддршката за младите, жените и дигитализацијата, со посебен фокус на важноста на правилната и инклузивна комуникација на процесот на европски интеграции и ЕУ преговори, како и остварување на средби за зајакнување на вмрежувањето со ЕУ институции и партнерските тинк тенк организации. Институтот за добро управување и…

Анализа на ИДУЕП со препораки „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“

Презентација на наодите, заклучоците и препораките во рамки на спроведениот Проект „Што сакаат младите – професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“ од страна на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП). Овој проект е финансиран од страна на Европската Унија, а субгрантиран од страна на фондацијата „Ана и Владе Дивац“, Младинскиот сојуз Крушево и 3 партнерски организации од регионот. Во пишувањето на оваа Анализа директно работеше тим од 5 лица од ИДУЕП , а претходеше едногодишен консултативен процес во кој беа вклучени над 30 младински организации, стопанските…

Дигитализацијата конечно да стане национален и натпартиски приоритет – иницијатива на ИДУЕП на средбата со МИОА Азир Алиу

Одржана работна средба на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) со Министерот за информатичко општество и администрација, Азир Алиу на која се разговараше за можностите и иницијативите за меѓусебна соработка и јакнење на капацитетите на МИОА во делот на напорите за дигитална трансформација, како и процесот на пристапни преговори со Европската Унија, во делот на Поглавјето 10 – Информатичко општество и медиуми. Претставници на ИДУЕП и Министерството за информатичко општество (МИОА) во следниот период ќе ги дефинираат потенцијалите за конкретни заеднички активности поврзани со застапување на процесот на…

Младинско вработување – Потребно е заедничко дејствување помеѓу граѓанскиот сектор и носителите на одлуки

На покана на Младинскиот сојуз – Крушево, а во рамките на проектот „WB & T for EmploYouth“ кој е финансиран од страна на Европската Унија (ЕУ), претставници на ИДУЕП беа дел од Националниот настан за вмрeжување и заедничко дејствување. Изминатите два дена претставнички и претставници на 10 организации разговараа за можностите за вмрежување и заеднички настап во сферата на младинското вработување. За време на настанот беше одржана и консултативна дебата со дел од носители на одлуки, на која беа презентирани заклучоците од Брифот на политики „Одржливи механизми за учество на…

ИДУЕП дебата: Се подготвува законска можност за работа од далечина, државата мора да ги вклучи младите и да креира мерки кои ќе ги мотивираат да останат во земјата

Младите луѓе сакаат флексибилно работно време, работа од далечина и услови за квалитетен живот по нивна мерка, а државата треба поактивно да ги вклучи во носењето одлуки и креирање политики со цел да имаме мотивирана младина да остане во земјата – ова се дел од заклучоците од втората јавна дебата посветена на подигање на јавната свест за младинската невработеност во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), а во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ).…

Кои се решенијата за проблемот со младинска невработеност – Најава за јавна дебата

Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП), во рамки на европскиот Проект „Што сакаат младите – Професиите на иднината бараат знаења и вештини денес“, Ве поканува на вториот јавен настан за подигнување на јавната свест за проблемот со младинска невработеност, сензибилизација на темата и поголема мобилизација на сите заинтересирани страни. Овој настан се организира во соработка и со Министерството за труд и социјална политика (МТСП) и Дирекцијата за Технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ). Датум на одржување: 05.12.2022 година, понеделник, време: 10 – 12 часот. Целта е поттикнување на јавна…

Како до професии на иднината кои ќе ги задржат младите во земјава – Одржана јавна дебата на ИДУЕП

Повеќе пракса отколку теоретска настава, поддршка од државата за обуки и развој на вештини на младите и развој на образовен систем кој ќе продуцира кадри според потребите на пазарот, како и поттик за развој на поширок спектар професии со кои вработувањето ќе биде загарантирано  – ова се само дел од решенијата за тоа како професиите на иднината да се прилагодат и да бидат од интерес и на младите и на работодавачите. Во рамки на дебатата во организација на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи, (ИДУЕП) насловена „Што сакаат младите…