На 16 и 17 Јануари 2024 година, во организација на Европскиот центар за извонредност (European Centre of Excellence, ECE) од Брисел, претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Форумот за образовни промени (ФОП) учествуваа во студиска посета на Брисел, Белгија.

Целта на дводневната посета беше проширување на соработките и воспоставување на нови контакти со тинк тенк организации, поединци и европски институции со фокус на образованието, дигитализацијата, младите, доброто управување и европските интеграции, како и креирање на можности за поврзување и вмрежување со цел реализација на заеднички интернационални иницијативи, проекти и активности. Во делегацијата беа Бленди Ходаи, извршен директор на ФОП, Билјана Јаневска, членка на Управниот одбор на ЕЦЕ и Бојан Кордалов, комуниколог и претседател на ИДУЕП.

Во рамки на посетата, беа остварени средби со Пол Масен и Маја Којчева од „Отворено владино партнерство“, Франческа Осима од ОБЕССУ, Харалампос Папајоану, офицер за политики во Генералниот Директорат на Европската Комисија за образование, млади, спорт и култура (DG EAC), Алчео Смерили и Марко Хорват од Европската служба за надворешни работи (ЕЕАС), Ричард Блеис од тимот за Програмата „Креативна Европа“ во рамките на Генералниот Директорат на Европската Комисија за образование, млади, спорт и култура (DG EAC), Кристина Велковска Диаз, финансиска директорка (CFO) на Junior Achievement Europe и Матилда Карцанај и Арта Јусуфи од Европската фондација за демократии (ЕЕД).



