На 16 и 17 Јануари 2024 година, во организација на Европскиот центар за извонредност (European Centre of Excellence, ECE) од Брисел, претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Форумот за образовни промени (ФОП) учествуваа во студиска посета на Брисел, Белгија. Целта на дводневната посета беше проширување на соработките и воспоставување на нови контакти со тинк тенк организации, поединци и европски институции со фокус на образованието, дигитализацијата, младите, доброто управување и европските интеграции, како и креирање на можности за поврзување и вмрежување со цел реализација на заеднички…
