Во рамките на одбележувањето на #15годиниИДУЕП, Стефан Атанасовски Трајковиќ како претставник на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) е во Германија каде учествува на Семинар за зајакнување на капацитетите на НВО во организација на Меѓународната академија за лидерство на Фондацијата Фридрих Науман.

За време на првиот дел на Семинарот за зајакнување на капацитетите на НВО, активисти и лидери од 26 земји од светот работат на:
🎯 системот на вредности
🌟 организациската култура
✅️ споделување позитивни пракси
Исто така, во рамките на работните сесии беше презентиран и успешниот модел на ИДУЕП за дигитална транспарентност и иновативната Анализа за користењето на социјалните медиуми од страна на јавните институции и функционери која Институтот ја спроведува од 2009 година до денес.
Вториот дел од семинарот е предвиден да продолжи во Келн и Берлин, каде претставничките и претставниците на граѓанските организации ќе остварат значајни средби и можности за вмрежување со тинк тенк организации, институции и јавни личности.
Повеќе информации за Академијата се достапни на следниот линк: https://www.freiheit.org/international-exchange-and-advanced-training


