Потребен е подобар статус за волонтерите – Работна средба на ИДУЕП и ОДАС

Неопходна е промена во свеста и кај сите чинители за статусот на волонтерите во земјава, како и развивање на посебни програми и законски измени со цел подобар статус за секој волонтер и волонтерка – ова беше заклучокот од заедничката средба на претставници на Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи (ИДУЕП) и Организацијата за дијалог и афирмација на средношколците (ОДАС).

Претставниците на ОДАС го презентираа проектот „Правна регулатива на волонтерството“ кој го спроведуваат со финансиска поддршка од страна на Вестминстер фондацијата за демократија. Беа разгледани и дискутирани резултатите од спроведената анализа и фокус групи кои имаат за цел подобрување на законското решение и подобрување на статусот на волонтерите во земјата.

Признавањето на волонтерското искуство како дел од работното искуство, но и охрабрување повеќе да се застапува ваквата тема во јавноста – беа дел од заедничките предлог решенија и препораки кои би произлегле од самиот Проект. Исто така, претставниците на ИДУЕП препорачаа јасна дистинкција и различни фокус активности и законски решенија за волонтерите на средношколска и волонтерите на факултетска или повисока возраст.

Претставниците на двете организации се согласија дека ќе соработуваат во рамките и на овој проект, а уште еднаш беше понудена поддршката на ИДУЕП со цел целосно спроведување на резултатите од Проектот и позитивно влијание врз развојот на младите преку законски и други измени во делот на волонтерството.

Поврзани соддржини

Leave a Comment